Не трупајте храна, споделете ја со бездомните и гладните!

Се обративме во граѓанските здруженија „Љубезност“ и „Ретвитни оброк“ и ги прашавме како и дали функционираат и во овој период на самоизолација кога голем број наши сограѓани трупаат резерви на храна во своите домови, додека други немаат ниту за еден оброк дневно. Оттаму порачуваат дека оние што сакаат, можат да ги контактираат и да донираат пакувана или готова конзервирана храна за оние на кои им е најпотребна

0
162

Инспирирани од светските ѕвезди од калибарот на Кејт Хадсон, на пример, кои во овој период на пандемија од коронавирус се придружуваат на иницијативата #whoareyoucookingfor чија цел е да бидат финансирани 100 000 оброци кои ќе бидат зготвени за жителите на Њујорк од волонтерите на организацијата God’s Love (@godslovenyc) за време на пандемијата на коронавирусот, побаравме мислење од здруженијата „Љубезност„ и „Ретвитни оброк“ дали би можеле да направиме нешто слично и кај нас.

Акцијата #whoareyoucookingfor функционира на следниот начин:

Придружете ни се во финансирањето 100.000 оброци за време на # COVID19
1. 📸 оброк
2. Означете со кого сакате да го споделите
3. Донирајте го она што би го потрошиле за овој оброк и предизвикајте ги пријателите да го сторат истото

Се обративме во граѓанските здруженија „Вистински Дела На Љубезност“ и „Ретвитни оброк“ (здруженија на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци) и ги прашавме како и дали функционираат и во овој период на самоизолација кога голем број наши сограѓани трупаат резерви на храна во своите домови, додека други немаат ниту за еден оброк дневно.

„Ние не се собираме за готвење, понекогаш некој одлучува сам да зготви одреден број оброци, но во овој период 90 проценти од оброците се конзервирана храна која е најбезбедна и најлесна за достава. Притоа, ние преку нашата фејсбук страница само ги координираме луѓето кои сакаат да донираат, но бидејќи не готвиме, за доставата и делењето ги насочуваме кон здружението „Љубезност“ со кое и досега соработувавме и кое е задолжено за делењето на оброците за бездомните луѓе и сиромашните семејства. Се разбира, штом се нормализира состојбата ќе продолжиме со заедничките готвења секој петок“, велат од „Ретвитни оброк“.

Тони Станковски од „Љубезност“ вели дека тие до неодамна имале одлична соработка со ресторани кои го донирале вишокот на храна, но оваа соработка, со оглед на новонастанатата состојба, кога рестораните повеќе не функционираат, не постои, па сега активностите се насочени на донирање на, главно, конзервирана храна од страна на фирми и поединци.

„Минатата недела успеа да се собере одлична количина на производи од граѓани кои не контактираа, а во новонастанатата состојба гледаме да го скратиме патот на овие донации, па најчесто се организираме такашто луѓето ни ја носат директно од маркетите, а ние ја доставуваме до оние на кои им е најпотребна.

Инаку, оваа идеја која ја спроведуваат светските ѕвезди е одлична, и имаше нешто слично летоска и кај нас во соработка со „Cooking with Branko“, но сметаме дека овој период не е баш поволен за вакви акции“, вели тој.

Со ова се согласуваат и во „Ретвитни оброк“ кадешто велат: „На овој начин би биле вклучени многу различни луѓе кои готват дома, а од кај кои ќе треба некој друг да ја земе храната, за да се предаде на трети луѓе. Такашто, со оглед на мерките за некомуникација и некористење на еден предмет/оброк/чинија од страна на повеќе луѓе, не би апелирале ниту учествувале во ваква акција. Да ја одложиме за поубави времиња“.

А еве како изгледа повикот на Кејт Хадсон.

https://www.instagram.com/p/B-Lg-p7ppQ7/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Фото: Фејсбук