Не јадете лимон ако ве боли грлото, ниту ореви ако ве боли стомакот!

Овие, инаку здрави намирници не треба да ги јадете ако кашлате, ако имате главоболка или имате болки во стомакот!

0
505

Нутриционистите советуваат да јадеме пет порции овошје и зеленчук на ден, но има намирници што може да ги продолжат симптомите на болеста кога нашиот организам е исцрпен и ослабено!

Не реагираме сите исто на одредена храна, па затоа е најважно да забележиме кога нешто не ни годи и да го исфрлиме од исхраната.
Ова се инаку здрави намирници, кои може да ги влошат болката во грлото, стомакот или главата!

Свеж цитруси

Лимонот и портокалот се одлични извори на витамини, но ако имате проблем со грлото, не ги јадете свежи. Киселината во нив дополнително ќе ја иритира мукозната мембрана на грлото и може да ја засили кашлицата или болката. Внесувајте цитруси такашто ќе ги исцедите во чај и ќе го пиете кога малку ќе се олади.

Јаткасти плодови

Содржат многу цинк и витамин Е, но доколку имате болка во стомакот или имате температура, не јадете бадеми, ореви, лешници …

Маснотиите што ги содржат организмот тешко ги вари, па затоа дополнително ќе го оптоварат стомакот и ќе му ја одземат енергијата која му е потребна на организмот за борба против болести.

Грав

Како и интегралните и млечните производи, и гравот не е добар избор ако имате болка во стомакот. Шеќерите од гравот можат дополнително да го оптоварат и да предизвикаат дијареја, гасови и грчеви. Телото не произведува доволно ензими за да го намали гасовите, па затоа не можеме да ги вариме овие шеќери во целост.

Сиров зеленчук

Нормално, нутриционистите советуваат да јадеме многу свеж зеленчук, но лош избор е ако имаме болки во грлото, бидејќи тоа дополнително ќе го иритира. Јадете варен зеленчук ако не се чувствувате добро, а грлото „лекувајте го“ со мед, чаеви…

Фото: Unsplash