Не ја фрлајте водата во која се варат компирите

Можеби не сте знаеле, но водата од компир е исклучително здрава и корисна, па отсега сигурно нема да ја фрлате, туку ќе ја користите за различни намени.

0
363

Кога подготвуваме компири, пред да ги изгмечиме или да започнеме да правиме салата од нив, секогаш ја истураме водата во која сме ги зготвиле. Отсега, не мора повеќе да го правите тоа, бидејќи оваа вода е многу корисна. Бидејќи сите хранливи материи од компирот остануваат во водата, не е изненадувачки што е таа добра не само за подобро варење, туку и за намалување на крвниот притисок, па дури и за подобро функционирање на мозокот.

Меѓутоа, оваа вода е одлична и како додаток на супите за подобар вкус и густина.

Водата од компирите можете да ја јкористите во следните ситуации:

За згуснување на супи и чорби, но и како дополнителен витамин
Како замена за згуснувач на брашно или пченкарно брашно
Како додаток за правење леб, за подобра текстура
Како храна за билките.

Фото: Pixabay