Нова берба: Босилек за салата, за чај и за песто

Најубаво е кога си го имате дома, па само посегате по неколку ливчиња и ги додавате во салатата со домати или во сосот за шпагети. Уште поубаво е кога голем дел од бербата ќе искористите за песто, а дел ќе исушите за чај

0
676

Знаеме дека босилекот е лековита билка и дека често се користи во кујната и како зачин, а со босилек се прави и најубавото песто.

Меѓутоа, малкумина знаат дека босилекот е добар природен антисептик и дека има многу широка примена.

Постојат повеќе видови босилек, а сите се користат како лековити и зачински билки.

За време на зимските месеци босилекот е совршен борец против настинката и грипот. Многумина тврдат дека е најјак природен антисептик.

Во два литри превриена вода ставете две раце лист од босилек и инхалирајте се, но не го практикувајте ова кај малите деца поради исклучително јакото дејство.

Кога ќе почне грејната сезона, ставете сад со ладна вода во кој сте натопиле босилек и сувиот воздух во собата ќе биде прочистен. Така потопен може една недела да го освежува воздухот, а притоа да испушта пријатен мирис кој благотворно делува на дишните патишта.

Во ваков облик босилекот се препорачува во сите соби за спиење бидејќи го опушта нервниот систем, а симптомите на главоболка и нервната напнатост едноставно ќе исчезнат.

Сезоната на грип и настинка никако не може да се замисли без босилек. Чајот од босилек, кој го користеле нашите баби и денес дава значајни резултати. Во 2 децилитри зовриена вода ставете кафена лажичка сушен босилек и оставете да отстои не повеќе од 5-7 минути.

Босилекот можете и да го замрзнете, бидејќи со тоа нема да се намали неговата вредност. Голем број домаќинства го користат сушениот босилек како идеален додаток во исхраната без конзерванси.

Ајде сега да си го направиме и најубавото – пестото од босилек.