Нова иницијатива за борба со гладот

Заедно со лансирањето на иницијативата: Nutrition for zero hunger, компанијата Хербалајф Нутришн го објави и партнерството со организацијата „Feed the children“, непрофитна организација посветена на борбата против глад на децата во целиот свет.

0
114

Глобалната нутриционистичка компанија Хербалајф Нутришн (Herbalife Nutrition) го објави лансирањето на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hungerсо која заложува 2 милиони американски долари за да нема веќе гладни луѓе во светот, за да им се обезбеди пристап до правилна исхрана на луѓето и за да се обрне внимание на континуираното зголемување на бројот на луѓе со прекумерна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни организации-партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, на подобрување на едукацијата за исхрана, на откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.

Заедно со лансирањето на иницијативата, Компанијата го објавува и своето партнерство со „Feed the Children“, непрофитна организација посветена на борбата против глад на децата во целиот свет.

Иницијативата „Nutrition for Zero Hunger“ работи на клучни пандемични проблеми и се надеваме дека преку соработката со нашите партнери, како што е организацијата „Feed the Children“, ќе изградиме свет во кој секој ќе има пристап до квалитетна храна и исхрана“ – вели Алан Хофман, извршен потпретседател, глобални корпоративни работи.

Како лидер во глобалната исхрана, компанијата Herbalife Nutrition, која е основана пред околу 40 години и чијшто темел се значајноста и вредноста на правилната исхрана, обезбедува сигурни извори на нутриционистички производи преку мрежа независни дистрибутери до клиенти во целиот свет.

Организацијата „Feed the Children“ се гордее што стана партнер со Herbalife Nutrition во борбата против овој важен проблем, гладот кај децата“, вели Травис Арнолд, Претседател и Главен извршен директор. „Проблемот нема да се реши сам по себе. Знаеме дека ако ги комбинираме нашите напори, ќе имаме поголемо влијание врз животот на фамилиите на кои сме им најпотребни.“

Feed the Children“ е организација што посветено поддржува семејства и заедници на тој начин што им обезбедува помош со храна и ресурси што помагаат за стабилен живот и во САД и во 10 земји на интернационално ниво. Во 2018 година „Feed the Children“ дистрибуира храна и основни работи за живот во вредност од 88,6 милиони фунти заедно со партнерите од заедницата за да им даде поддршка на 6,5 милиони луѓе на глобално ниво.

Покрај стратешките партнерства за поддршка, „Nutrition for Zero Hunger“ ја поддржува целта бр.2 на Обединетите нации – Одржлив развој, со која се спроведува голема акција за да се стави крај на гладот во сите негови облици до 2030 година и за да се најдат решенија за безбедност на храната и да се подобри исхраната на глобално ниво. Со помош на залогот од 2 милиони УСД, Компанијата:

  • ќе стане партнер со организации кои работат на проблемите со гладот, со безбедноста на храната и со лошата исхрана

  • ќе обезбеди донации на нутриционистичка храна и нутриционистички производи на луѓе од ранливи категории

  • ќе достави ресурси за поддршка на едукација за исхрана

  • ќе ангажира и едуцира заедници на глобално ниво преку интегрирани кампањи

Хофман додаде, „гледаме колку здравата исхрана влијае врз животот на луѓето и посветено ја поддржуваме оваа важна потреба на ранливите популации од целиот свет.“