Нова кованица: Торти-бургер

Ако кај нас е вообичаено да си купите четвртина бурек, Шпанците си купуваат четврт, пола или дури и цела 'пита' шпански омлет (тортиља) спакуван во таканаречен торти-бургер

0
111

Тортиљата (шпански омлет во форма на пита) е едно од најпознатите шпански јадења, а начините на кои може да се јаде, се многубројни. Еден од нив е и т.н.торти-бургер, што е кованица од тортиља и хамбургер, а рецептот го донесоа од Аликанте, Шпанија и го споделија со нас нашите читатели Горазд и Стефани Христов.

А еве и како се подготвува:

Состојки:

4 компири со средна големина
6 јајца

1 кромид
маслиново масло

парче кашкавал

бургер лепчиња

свеж домат

Приготвување:

Прво се прави тортиљата.

Излупете ги и исечете ги компирите на кругови, а потоа на четвртинки. Во тава со маслиново масло на средна топлина пржете ги компирите и додадете го ситно исечканиот кромид. Пржете додека не поруменат состојките. По 10 минути, отстранете го вишокот масло од тавата, додадете сол и изматете ги јајцата.

Гответе на тивок оган околу 10 минути во покриен сад. Потоа користејки поголема чинија превртете го омлетот и вратете го во тавата за да се испече и од другата страна.

Тортиљата е готова кога ќе порумени од двете страни.

Се сече четвртина од тортиљата и се става меѓу лепчињата, се ставаат рендан домат или неколку тркалца домат и  парче кашкавал, лист зелена салата и додатоци по желба.