Нов хит: Ладно цедено кафе

Ова кафе се заснова на јапонскиот метод за подготовка на напитоци и се смета за поздрава алтернатива на домашното кафе што се вари во ѓезве. Има 70 проценти помалку горчливи состојки и киселини за разлика од него и е одличен избор за оние кои имаат проблеми со желудникот.

0
344

Ладното кафе (cold brew), кое се подготвува со ладна вода, сè повеќе го привлекува вниманието на луѓето, и постои добра причина за тоа. За разлика од домашното кафе, кое се вари во ѓезве, овој напиток бара поинаков процес на подготовка и заради тоа се смета за поздрав.

Иако многумина го мешаат со ледено кафе или фрапе, ова кафе се заснова на јапонскиот метод за подготовка на напитоци – екстрактираното кафе Јапонците го користеле уште многу одамна.

Грубо мелено кафе се прелива со ладна вода, а потоа се дестилира неколку часа. Така настанува концентриран екстракт од кафе, кој треба да се разреди кога се сервира.

Подготовката е многу едноставна, а потребни ви се само две работи – кафе и стаклена тегла.

Во Јапонија, ваквото кафе често се прави во специјални стаклени садови, но но вие можете да го направите во тегла или во шише со истурање на зрнца кафе во големо стаклено шише.

Покријте со капак и оставете ја смесата да отстои најмалку 12 часа на собна температура.

Потоа исцедете ја добиената мешавина преку филтер од хартија или преку газа, разредете со малку вода, а потоа можете да додадете малку мраз или млеко, по желба. Можете да додадете и лажичка од вашиот омилен сладолед.

Кафето подготвено на овој начин ќе има прекрасна арома, односно нежен и малку чоколаден вкус.

Истовремено, ова кафе може да има придобивки за нашето тело – има 70 проценти помалку горчливи состојки и киселини за разлика од домашното кафе што се подготвува во ѓезве. Затоа е одличен избор за луѓе кои имаат проблеми со желудникот.

Фото: Pixabey