Обидете се да си направите пиво од ѓумбир на едноставен начин

Ѓумбирот е славен борец против настинки и вируси, идеален и за овој Корона период. Ама не мора секогаш чај да пиете. Можете на едноставен начин да си направите дома сами и пиво од ѓумбир

0
248

Ѓумбирот е познат по своите аналгетски, антиинфламаторни, антибактериски својства како народен лек. Покрај тоа што е зачин во исхраната, помага при губење на тежината, го забрзува метаболизмот, помага при главоболки и гадење, а благодарение на минералите и витамините, е идеален борец против настинки и вируси.

Состојки:

1 чаша шеќер

1/4 лажичка сув квасец

две лажички рендан свеж ѓумбир

вода

исцеден сок од еден грејпфрут или лимон

Постапка:

Ставете инка на шишето, а потоа ставете ги шеќерот и квасецот во него.

Додадете ги ѓумбирот, сокот од грејпфрут или од лимон и ставете вода.

Ставете го капачето на шишето и добро протресете неколку пати.

После тоа, додадете повеќе вода.

Повторно протресете го шишето и ставете го на топло место два дена.

Пивото ќе биде подготвено да се пие ако капачето малку се подотвори.

Фото: Pexels