Оваа комбинација помага во ублажување на симптомите на ковид-19

Тие можат да се користат самостојно или во комбинација со други лекови што се користат за лекување на ковид-19

0
391

Тим научници од институти ширум светот, од Пакистан и Чиле до Канада и САД, неодамна спроведоа студија за да го испитаат влијанието на комбинацијата на медот и црниот ким во лекувањето на заболени од ковид-19, со оглед на тоа што се досега докажани нивните антимикробни, антивирусни, антиинфламаторни и имуномодулаторни својства.

Природна терапија

Спроведена е рандомизирана контролирана студија на пациенти со различни степени на тежина на болеста, а пациентите примале дневно или 1 грам мед на килограм телесна тежина и 80 грама црн ким на килограм телесна тежина или плацебо во текот на 13 дена.

Резултатите покажале дека оваа комбинација помогнала да се ублажат симптомите, да се исчисти вирусот од телото и да се намали смртноста кај пациенти со умерено или тешко заболување.

Авторите на студијата веруваат дека медот и црниот ким можат да се користат како безбедна и ефективна природна терапија кај пациенти со ковид-19, бидејќи тие овозможуваат побрзо закрепнување и ги зголемуваат шансите за преживување. Покрај тоа, тие можат да се користат самостојно или во комбинација со други лекови кои се користат за лекување на ковид-19.

Фото: Pexels