Ова се најлошите додатоци што можете да ги ставите во вашата салата!

Салатите се одличен избор за здрав оброк, но работите што ги додаваме врз зелените лисја се она што ја разликува здравата од тешката салата…

0
760

Дури и самиот збор „салата“ е опкружена со асоцијации на здравје, такашто честопати само додаваме разни состојки во неа, без да обрнуваме внимание на порциите, калориите и хранливите материи. Идеалната салата треба да биде избалансирана и да содржи околу 4-5 додатоци што обезбедуваат различни вкусови и хранливи материи. Но, не мора да бидете нутриционист за да подготвите совршена комбинација – за почеток, избегнувајте ги овие додатоци!

Пржени и похувани додатоци

За жал, крцкавиот пржен кромид или чипсот од тортилја практично ќе ја претворат вашата салата во нездрава храна. Пржената храна може да ѝ даде на вашата салата крцкав вкус, но со тоа ќе добиете и значителна количина калории и преработени јаглени хидрати.

Сланина

Не само што сланината е исклучително богата со маснотии (само две парчиња содржат околу 7 грама маснотии и околу 100 калории), преработеното месо сѐ повеќе се поврзува со карциномот на дебелото црево. Ако сакате да подготвите салата со богат вкус, обидете се да ја замените сланината со пилешко месо.

Сирење

Сирењето најмногу се состои од маснотии и содржи повеќе калории отколку што повеќето луѓе сакаат да веруваат. Ако не можете да јадете салата без сирење, не заборавајте да внимавате на количините што ги додавате во салатата (не повеќе од едно парче).

Суво овошје

Сувото овошје што можете да го најдете во купените салати, најверојатно, е засладено со додадени шеќери, а постои добра шанса едноставно да го има премногу во вашата салата. Исто така, овошјето го губи својот волумен и процентот на вода за време на процесот на дехидрирање, такашто ќе добиете помали количини отколку ако во салатата додадете некое друго, свежо овошје.

Кремави преливи за салата

Густите, кремасти преливи за салата најчесто содржат сериозна количина калории, шеќер, вештачки состојки, заситени масти и натриум. Ако вашата салата содржи многу висококалорични состојки (на пример сирење и јаткасти плодови), не заборавајте да ги прескокнете преливите и да додадете само малку сок од лимон. Витаминот Ц ќе му помогне на вашето тело да го апсорбира железото од зеленчукот, и ако вкусот на лимон не се вклопува во вашата салата, можете да додадете малку маслиново масло кое е одличен извор на витамин Е и здрави масти.

Дали често ги вклучувате овие додатоци кога подготвувате салати?

Фото: Pixabey