Ова се најлошите и најнездравите намирници на светот – избегнувајте ги!

Ви носиме листа на најлоши намирници за здравјето на вашето тело, но и за неговиот изглед. Значи, ако водите внимание за линијата, избегнувајте ги во широк лак.

0
333

Ние сме тоа што го јадеме? Се чини дека сите сме го слушнале тоа, но малкумина разбрале зошто.

Кога сите би живееле според ова правило, индустријата што се занимава со диети би изгледала сосема поинаку. Сепак, на полиците на продавниците се уште има голем избор на храна која е полна со шеќер и калории, а понекогаш е многу тешко да ѝ се одолее.

Заради оваа причина, ви носиме листа на најлоши намирници за здравјето на вашето тело, но и за неговиот изглед. Значи, ако водите внимание за линијата, избегнувајте ги во широк лак.

Чипс од компири

Можете ли да застанете на само еден? Веројатно не можете ниту на едно пакување… Дали знаевте дека со некои комбинации на чипс се внесуваат 500 милиграми натриум и околу ¼ лажица сол, што е околу една третина од препорачаниот внес на натриум дневно? Едно истражување покажало дека оваа намирница ќе додаде повеќе килограми за оние што ја јадат од засладените пијалаци, процесуираното месо, црвеното месо и слична храна…

Пржено пилешко

Пилешкото се смета за здрава храна и за подобар избор од црвеното месо бидејќи нема многу заситени масти и е одличен извор на протеини. Но, ако му додадете брашно и го пржите на масло, протеинот штотуку сте го претвориле во најнездравото јадење. Кога ќе натопите пилешко во масло ќе апсорбира многу маснотии и така во голема мера ќе ја промени калориската вредност на порцијата. Уште полошо е ако го ставите во растителни масла кои можат да ослободат транс масти, кои се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања, развој на рак и дебелина.

Крофни

Подготвени се од брашно, шеќер и масло, што значи дека содржат транс масти, најлош вид маснотии што само ќе го зголемат нивото на лош холестерол и ќе го намалат нивото на добриот, според експертите на клиниката Мајо.

Фондан

Тоа е комбинација од шеќер, вода, желатин, растително масло и глицерин. Вкусно? Можеби, но само за да знаете дека оваа последна намирница е поврзана со лошото здравје на бубрезите, велат експертите.

Ладен нарезок

Содржат натриум нитрат кој може да предизвика хронично артериско воспаление, што може да доведе до атеросклероза – стеснување на артериите.

Пржено сирење

Сите знаеме дека помфритот е нездрава храна, па јасно е дека ќе стане уште поопасна ако му се додаде и пржено сирење. Може да содржи до 430 милиграми натриум, 19 проценти од препорачаната дневна доза, а дополнително 10 проценти од препорачаната количина на маснотии.

Супа од конзерва

Дури и оние супи кои се полни со грашок или зеленчук можат да бидат многу солени, па некои од нив содржат и 500 милиграми натриум по порција. Според Американската организација за срце, ова е храна која се наоѓа на листата на 6-те најлоши.

Крем за кафе без млеко

Звучи одлично, нели? Веројатно ги имате на вашата маса или кујна. Па, време е да ги фрлите бидејќи овие долготрајни производи често содржат супстанции создадени со хидрогенизација на мастите или едноставно – транс масти. Запомнете дека тие влијаат на развојот на кардиоваскуларни болести.

Хот-дог

Како прво, се поставува прашањето, од што се направени овие светли колбаси? Според експертите, за нив се користат остатоци од подобри делови од месото и се мешаат со натриум за подобро да се врзат протеините во месото, а многу такви производи содржат и многу сол за подолго да траат. Јасно е дека тие се поврзани со развој на рак.

Вегетаријански плескавици

Паметен потег е да изберете растителна исхрана, освен ако не изберете погрешни намирници и не ги комбинирате за да бидат замена за нездрав сендвич од говедско месо.
„Некои вегетаријански хамбургери не се толку здрави бидејќи содржат додадени масти и често се тоа заситени масти“, предупредува Кетрин Зетаски, нутриционист во клиниката Мајо.
„Заситените масти се поврзани со повисоки нивоа на холестерол и лош холестерол, а загрижувачки е што тие можат да го зголемат ризикот од развој на срцеви заболувања“, објасни таа.

Житарки со шеќер

Веруваме дека веќе го знаете ова, но ако случајно сте го пропуштиле – таквата храна не содржи влакна, но затоа е богата со шеќер и јаглехидрати. Поради оваа причина, се смета за најлош појадок, па размислете да додадете малку чоколадно млеко во овесната каша, таа е полна со влакна, за што вашето варење ќе ви биде благодарно.

Печива

Уште еден лош избор за појадок – големо топче бело брашно, а јаглехидрати во едно печиво можете да најдете колку во 5 кришки леб. После тоа, шеќерот во крвта ќе ви скокне, па исто толку брзо ќе падне, а вие само ќе сакате повеќе… Одберете мудро намирници за појадок кои служат да ви обезбедат енергија за сите дневни обврски, но и хранливи материи и витамини кои му се потребни на телото.

Фото: Unsplash