Овие намирници го чистат телото однатре

Можеби кај нас артичоки и алги потешко се наоѓаат, ама не се обесхрабрувајте, имаме од оние поевтините намирници кои одлично ја вршат работата. Не пример, кромид, цвекло и ленено семе

0
1087

Слободно можете да бидете скептични околу зборот детокс. Секојдневно сме бмбардирани со реклами за производи кои ветуваат чудесни резултати во исфрлањето на токсините д нашиот организам. Но вистината е дека нашиот организам го прави тоа секој ден.

Нашиот црн дроб е чудесен – тој е примарен орган за детоксикација и секојдневно работи на исфрлањето на штетните материи од телото. Главна цел на неговата работа е штетните материи, односно, токсините од организмот да ги направи помаку штетни за да можеме сигурно да ги исфрлиме од организмот, а во тоа му помагаат соединенијата од храната која секојдневно ја консумираме.

Поради неправилната исхрана и загадувањето на животната средина на кои секојдневно сме изложени, нашиот црн дроб добро би му дошла мала помош за спроведување на детоксикацијата. За среќа, еден од најлесните начини да го направите ова е да консумирате намирници кои се богати со хранливи материи. Значи, ако сакате да му помогнете на вашиот црниот дроб при детоксикацијата, потрудете се во својата исхрана да ги вклучите следните намирници.

Артичоки: Артичоките се многу повеќе од гурмански деликатес – тие содржат соединенија за кои е познато дека го стимулираат протокот на жолч.

Кромид: Интересно е тоа што соединенијата поради кои кромидот има специфичен мирис се всушност тие што се одговорни за неговите детоксикациски својства. Тоа се алил сулфиди, сулфурни соединенија кои му помагаат на црниот дроб во реакциите од фаза 1, првиот чекор во елиминацијата на токсините растворливи во масти.

Цвекло: Беталаинот е соединение кои на цвеклото му ја дава карактеристичната темна боја, а на црниот дроб му помага во спроведувањето на реакциите од фаза 2 чија цел е да овозможи делотворно излачување и елиминација на токсините од организмот.

Клорела: Хлорофилот, пигментот одговорен за зелената боја на овие алги, се смета дека е тој што е одговорен за неговиот ефект на детоксикација. Резултатите на некои научни истражувања покажуваат дека клорелата помага и во елиминирањето на диоксинот, токсин од храната кој се поврзува со нарушувањата на репродуктивниот систем, но и со карциномот.

Ленено семе: Не смееме да ја занемариме ниту важноста на влакната во детоксикацијата, а семето од лен е одличен извор на влакна. Тие содржат и растворливи и нерастворливи влакна кои помагаат во елиминирањето на токсините. Исто така, лигнаните од ленот штитат од токсичните естрогени. Се покажало дека го намалуваат нивото на 17 – бета естродиоли во крвта кои се поврзуваат со туморите зависни од естроген.

Фото: Pixabey