Овие намирници не би требало да ги јадете на празен стомак

Многумина од нас мислат дека го почнуваат денот здраво кога наутро ќе изедат една банана или пак ќе си исцедат свеж сок од портокал. Но не е баш така...

0
408

На многумина од нас најлесно им е наутро да претрчаат до пекарницата и да си земат за појадок некое лиснато пециво или пак само да се напијат кафе, јогурт или свеж овошен сок.

За жал, ниту една од овие опции немаат корисен ефект врз нашето тело. Порталот „Bright Side“ ги наведува 10-те најлоши намирници кои не треба да се јадат на празен стомак, а сепак, многу луѓе со задоволство ги конзумираат.

Лиснато тесто

Содржи големи количини квасец, што предизвикува надуеност.

Слатки

Тие го зголемуваат нивото на инсулин во крвта, што го оптоварува панкреасот, кој „само што се разбудил“. Оваа навика на крајот може да доведе до дијабетес.

Јогурт и други ферментирани млечни производи

Киселината во стомакот ги убива „добрите“ бактерии во овие намирници, што значи дека вашето тело ќе има мала корист од нив.

Круши

Грубите влакна во ова овошје можат да ја оштетат чувствителната слузокожа на цревата доколку се консумираат на празен стомак.

Домат

Содржи голема количина на танинска киселина, со што се зголемува киселоста во желудникот. Оваа навика со време може да доведе до појава на чир.

Краставици и друг зелен зеленчук

Тие се богат извор на аминокиселини кои можат да предизвикаат надуеност, киселини и болка во стомакот.

Банани

Ако ги консумирате на празен стомак, вашето тело ќе доживее ненадеен скок на магнезиум во крвта, што негативно влијае на здравјето на срцето и крвните садови.

Зачини

Можат да ја оштетат слузокожата на желудникот и да предизвикаат зголемено лачење на желудочна киселина.

Засладени газирани пијалоци

Тие ја оштетуваат слузокожата на желудникот и го намалуваат протокот на крв во овој орган, што влијае на забавено варење на храната.

Цитруси

Богати се со овошни киселини, кои можат да предизвикаат киселини. Оваа навика со време може да го зголеми ризикот од гастритис или да доведе до чир на желудник.

Фото: Pixabay