Овошје или зеленчук, сок или смуди?

Не мешајте брокули, морков и портокал – таков микс нема да му се допадне на вашиот систем за варење. Ако мешате овошје и зеленчук, на вашето тело ќе му треба повеќе време и енергија за да ги свари заедно.

0
106

За цедење сок наутро ви треба повеќе време. Најдобар избор е цеден сок од свеж зеленчук, евентуално во комбинација со некое сезонско овошје. Но кога наутро немате многу време или ве мрзи да правите сок, смуди ви е спасот. Зеленилото и јаболко или банана, со чаша вода, ставате во блендер и за неколку секунди имате супер појадок.

Во што е разликата?

Кога цедиме сок ние ја одвојуваме природната течност на зеленчукот од растителните влакна. Благодарение на тоа витамините и другите хранливи состојки многу брзо се варат. Организмот не вложува напор за преработка на влакната, а притоа ги добива сите корисни состојки од зеленчукот и лиснатите билки. Затоа што нема влакна, во соковник можеме да ставиме многу повеќе зеленчук или зеленило отколку во блендерот. Треба да се знае и дека за цедење на лиснат зеленчук ви треба специјален соковник за бавно ладно цедење, затоа што во спротивно целиот спанаќ и магдонос ќе завршат во отпадот.

Во смути влакната остануваат, затоа што блендерот само ги ситни и ги меша состојките со голема брзина. Влакната придонесуваат за исфрлање на токсините од организмот и за одржување на здравјето на цревата, а по иситнувањето во блендер влакната стануваат полесни за варење. Освен тоа, за разлика од цедениот сок, заради содржината на влакна, смутито ве заситува на подолг период.

За правење на сок ви требаат повеќе состојки, бара повеќе време, како и миење на соковникот. Матењето на смуди во блендер е значително полесно, затоа е одлична варијанта за оние кои допрва почнуваат со здрав начин на исхрана. Покрај тоа, блендерот можете да го користите и за правење сосови, млека од јаткасти плодови, бројни десерти и уште многу нешта.

Што да се комбинира и како да се пие?

За да го добиете максимумот и од соковите и од смуди, важно е да водите сметка за тоа кои состојки треба да ги комбинирате и како да ги пиете.

Свеж лиснат зеленчук и зачински билки. Тие се најздрави состојки, како за сокови, така и за смуди. Хлорофилот со кој се богати придонесува за подобра работа на сите органи и ни дава порција аминокиселини, витамини и минерали. Спанаќ, магдонос, блитва, целер и кељ, како и лиснатиот дел од цвеклото и морковите се одличен избор. (во листовите од цвеклото и морковите има многу повеќе минерали и витамини отколку во самите плодови).

Ако сакате сокот да ви биде поблаг, додадете јаболко или круша. Можете да ги додадете и во смуди, иако повеќето луѓе за смуди одбираат банана. Исто така, добар додаток за смуди се и зрнестото овошје и авокадото. Водете сметка да не пиете премногу овошни сокови затоа што содржат во себе доста шеќер и имаат висок гликемиски индекс.

За смуди бирајте комбинации „овошје + зеленило“ или зеленчук + зеленило“. Не мешајте брокули, морков и портокал – таков микс нема да му се допадне на вашиот систем за варење. Ако мешате овошје и зеленчук, на вашето тело ќе му треба повеќе време и енергија за да свари се заедно.

За сокови можете да одберете било каков зеленчук и зеленило. Ако сакате поблага варијанта, додадете зелени јаболка чиј сок е доста неутрален. Добри се и краставиците кои имаат освежувачки вкус. Исто така, секогаш можете да додавате свеж ѓумбир и сок од лимон.

Немојте да пиете сокови и смуди со друга храна. Секогаш е најдобро да ги консумирате на празен стомак, половина час пред следниот оброк.

Секако, најдобро е да се употребат веднаш кога ќе ги направите, но не е ништо страшно ако ги испиете за неколку часа или утредента.

Експериментирајте со различни состојки и вкусови. Соковите и смудито се наједноставен начин да внесете енергија и неопходните витамини и минерали.

Фото: Unsplash