Одличен рецепт за колач кој се спрема во тавче на рингла

Нема да верувате, но овој рецепт го прегледаа на социјалните мрежи повеќе од 24 милиони луѓе! Има малку состојки кои речиси секогаш ги имаме дома, а најдобро од сѐ е што не мора да ја вклучувате рерната.

0
410

Состојки:

1 јајце

2 банани

150 мл млеко

80 г шеќер
60 мл растително масло

сол

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

150 г брашно

оцет

Приготвување:

По дното на тавата посипете лажица шеќер, а над неа распоредете ги бананите исечени на тркалца. Во сад измешајте 1 јајце, прстофат сол, прстофат ванилин шеќер и измешајте.

Додадете млеко, промешајте повторно, а потоа додадете го и маслото. Измешајте ги брашното и прашокот за пециво и измешајте сè добро за да добиете мазна смеса. Одличен трик е оцетот, кој се додава за да се направи смесата повоздушеста.

Истурете ја смесата преку бананите во тавата и печете го покриено на тивок оган околу 30 минути. Тргнете го од оган, покријте ја тавата со чинија, а потоа „свртете го“ колачот такашто печената страна да дојде горе. Вратете ја на тавата и печете на тивок оган 3-4 минути без капак.

За подетални инструкции, погледнете го видеото.

Извор: Јутјуб/CUISINE MAROCAINE