Од дотраено овошје и зеленчук до вкусни оброци

Наместо да го фрлите, претворете го дотраеното овошје и зеленчук во супи, сосови, па дури и десерти. Постојат многу можности, а на вас е да ја одберете омилената.

0
199

Сигурно не сте единствените со неделна рутина на замена на старата главица кељ со нова затоа што на оваа ѝ „поминал рокот“. Меѓутоа, нема потреба од фрлање овошје и зеленчук затоа што има многу начини на кои можете да внесете нов живот во нив. На пример, еден куп овенат босилек не изгледа привлечен, но кога ќе го претворите во кремасто песто, добивате одличен оброк.

На сличен начин можете и на другите овошја и зеленчуци да им го продолжите векот и да ги вклопите во вкусен оброк – без глед дали сакате топла супа или десерт после ручек.

  1. Претворете ги босилекот или магдоносот во песто

Претворете го овенатиот босилек, магдонос или дури и брокула во здраво песто. Измешајте го со омилените тестенини и ќе бидете среќни што сте им дале уште една шанса.

  1. Претворете ги презрените банани во леб од банана

Најдобар начин да се искористат презреаните банани е да направите леб од банани. Колку се позрели бананите, толку се подобри поради својата блажина. Овој колач ќе го јадете со задоволство како појадок, десерт или меѓуоброк, а можеби следниот пат и намерно ќе дозволите вашите банани да „поцрнат“.

  1. Вдахнете им на доматите нов живот во форма на сос за тестенини

Кој би рекол дека неколку домати можат да ве претворат во врвен италијански готвач? Искористете ги за правење здрав сос за тестенини полн со витамини. Ако го направите премногу, само замрзнете го.

  1. Претворете ги јаболката во пире од јаболка

Пирето од јаболка е потценет залак што можете да го направите од кој било вид јаболка што ги имате во моментот. Сè што треба да направите е да ги излупите и исечкате јаболката и да ги варите неколку часа.

  1. Направете џем од бобинки

Ако не сте успеале да ги изедете вашите бобинки, претворете ги во џем. За ова ќе ви требаат бобинки, шеќер и сок од лимон. Исчистете ги бобинките, ставете ги во тенџере, додадете го шеќерот и варете ги со мешање околу 20 минути. Додадете го сокот од лимон и варете уште неколку минути, а потоа пренесете го џемот во тегли.

  1. Направете окрепувачка супа од зеленчук

Наместо да го фрлите, претворете го зеленчукот во здрава супа. Има толку многу различни опции што можете да ги направите во зависност од тоа каков вид зеленчук имате.

  1. Направете смути

Овој напиток не го интересира состојбата на вашето овошје и зеленчук. Откако ќе го измешате со малку бадемово млеко или путер, ќе добиете вкусен пијалок во кој нема да ја знаете разликата помеѓу дотраениот и свежиот зеленчук или овошје.

  1. Испечете пита со овошје

Ако имате овошје кое наскоро нема да биде јадливо само по себе, искористете го за да направите вкусна пита. На тој начин ќе добиете одличен десерт.

Фото: Pexels