Од овој корнишон, кисела краставичка не бива

Еве што се случува ако навреме не го скинете плодот. Наместо корнишон за во тегла, ќе добиете џиновска краставица. Колку за споредба, еве го помалиот брат на овој џиновски корнишон

0
312

Корнишоните за зимница од кисели краставички, се посебна сорта краставици кои, барем така мислев, не растат големи. Се ставаат по десетина во една тегла и имате супер туршија.

Со оглед на резултатите од европското истражување кое сугерира дека стапката на смртност од коронавирусот веројатно ќе биде пониска во земјите кадешто исхраната е богата со ферментиран зеленчук, изгледа дека есенва треба сите да се потрудиме да си ставиме кисела туршија.

Една од поубавите работи кои ги јадеме во зима и кои речиси и нема кој не ги сака, се киселите краставички. Арно ама, за да ги ставиме во тегла, тие треба да се мали. Оваа џиновска, дефинитивно не е соодветна за киселење, ама е одлична за салата. Поточно, за неколку салати. Барем за две.