Од стари скијачки гондоли до приватни катчиња за јадење

Доминик, сопственичка на продавница за гондоли, ги собирала веќе нефункционалните скијачки гондоли (скоро над 100!) со надеж дека ќе им најде друга намена. Таа немала идеја дека ограничувањата на глобалната пандемија ќе помогнат нејзините идеи да се придвижат во овој правец!

0
110

Начинот на кој јадеме во рестораните се смени многу од почетокот на пандемијата на ковид-19.

Во топлите месеци беше полесно да се организира работата на сите ресторани кои кога повторно се отворија воведоа големи промени – како маси поставени на социјална дистанца и помал број луѓе на една маса. Но во зимските месеци, особено во оние места кадешто зимата не е толку љубезна, ова беше тешко. Особено на место како Колорадо! Затоа Доминик Бастијан ги искористила своите вештини за да им помогне на рестораните да опстанат.

Како започна сето тоа?

Доминик, сопственичка на продавница за гондоли, ги собирала веќе нефункционалните скијачки гондоли (скоро над 100!) со надеж дека ќе им најде друга намена. Таа немаше идеја дека ограничувањата на глобалната пандемија ќе помогнат нејзините идеи да се придвижат во овој правец!

Венди и Рич Тукиароне, сопственици на „Mountain Tap Brewery“ во Стимбут Спрингс, Колорадо, сфатиле дека им треба начин како да го задржат достапно безбедното седење на отворено, дури и при опаѓање на температурите. Кога решиле скијачките гондоли да бидат тоа совршено решение, тие ја нашле Доминик со нејзината флота од гондоли кои се надвор од употреба и идејата се родила.

Што е продавница за гондоли?

Доминик и нејзините неколку вработени работат на обновување и пренамена на гондолите кои повеќе не работат. Со седиште во Фруита, Колорадо, продавницата работи на целосно реновирање на гондолите со тим на сликари, заварувачи, дрвопроизводители и други занаетчии. Самиот процес трае до шест недели, но резултатот е неверојатен!

Рестораните можат да купат гондола за нешто помалку од 5.000 американски долари, но комплетно модернизирана гондола направена за јадење чини од 15.000 до 20.000 американски долари. Таа исто така ги изнајмува за 500 долари месечно, бидејќи многумина сакаат да имаат една во својата градина.

Фото: thegondolashop.com