Опасна навика која може да ви го загрози здравјето

Ако го користите истото пластично шише со вода неколку дена по ред, може да го загрозите вашето здравје бидејќи најголем број бактерии се задржуваат на овие предмети.

0
178

Пластичните предмети често се користат како едни од главните реквизити во секојдневната исхрана. Пластични виљушки, лажици и ножеви, чинии и чаши се повеќе се користат, но употребата на пластични шишиња може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Ако го користите истото пластично шише со вода неколку дена по ред, може да го загрозите вашето здравје бидејќи најголем број бактерии се задржуваат на овие предмети.

Ова се однесува на сите пластични шишиња, од оние за еднократна употреба, како што се шишиња со вода, минерална вода и разни видови сокови, до специјално дизајнирани шишиња за повеќекратна употреба, како што се шишињата што ги користат спортистите во теретана, велосипедистите и други спортисти кои за време на тренинг и спортски натпревари често го користат истото пластично шише.

Истражувањето покажало дека посебна опасност имаат пластичните шишиња со врв за извлекување, кои се карактеристични за оние пакувања сокови наменети за најмладите. Овие типови пластична амбалажа се особено опасни за луѓето кои имаат проблеми со забите.

Фото: Pexels