Ориганото не е само зачин за пица

Чајот од оригано ги победува вирусите, габите и бактериите. Покрај тоа што е богато со антиоксиданти, ориганото е богато со растителни влакна и омега-3 масни киселини.

0
1057

Ориганото е миризлив зачин кој е во основата на медитеранската кујна и одлично се вклопува со вкусот на доматите. Но, ориганото е и совршен природен лек што секогаш треба да го имате при рака, не само за да ги збогатите јадењата со него, туку и за подготовка на лековит чај.

Исто така, од дивото оригано се користи и етерично масло богато со соединенија наречени феноли, пред се карвакрол и тимол.

Многумина сè уште не знаат за лековитите својства на ориганото. На пример, за кашлање, главоболка и болки, овој „обичен зачин за пица“ е вистински спас. Имено, во сув облик тоа ги задржува сите свои корисни својства и има уште поинтензивна арома и мирис.

Покрај тоа што содржи богатство на антиоксиданти, ориганото е богато со растителни влакна (помага при варењето) и омега-3 масни киселини (го зачувува здравјето на срцето). Тој е одличен извор на витамини А, Ц и Е (ги штити клетките од оштетување) и витамин К (спречува затнување на крвните садови), а содржи минерали како цинк, манган, железо, магнезиум, калиум, калциум и бакар. Познат е и по своите антибактериски и антиинфламаторни својства. Благодарение на лековитата супстанција карвакрол, маслото од оригано има антимикробно својство.

Покрај зајакнување на имунолошкиот систем, ориганото го зголемува нивото на енергија, штити од дијабетес, ги зајакнува коските, поттикнува детоксикација на организмот и го зачувува здравјето на срцето.

Етеричните масла задржуваат силна антибактериска активност дури и против т.н. повеќекратно резистентни микроорганизми – оние отпорни на неколку групи антибиотици.

Исто така, етеричните масла ги убиваат микроорганизмите со тоа што речиси не дозволуваат развој на резистентност. Покрај тоа, за разлика од антибиотиците, тие дејствуваат и против патогени габи, такашто нема да настанат дисбаланс во цревната и урогениталната флора кај луѓето.

Ориганото е мултипрактик кога станува збор за лекување на разни болести.
Чајот од оригано ублажува разни видови на болка, како што се болки во грбот или главоболки, бидејќи е вистински природен аналгетик. Функционира такашто го смирува нервниот систем и помага при непријатни мигрени кои се придружени со гадење и повраќање. Кога станува збор за ублажување на болката, некои сметаат дека е исто толку ефикасен како морфиумот.

Во народната медицина, ориганото долго време се користи за ублажување на болки во грлото, синуситис, настинка и грип, како средство за проширување на бронхиите и за искашлување. Ако имате астма, вдишувањето чај од оригано ќе ви помогне. Пареата на овој чај ги прочистува носните канали и синусите.

Ориганото е богато со антоцијанини, флавоноиди и полифенолни соединенија, сите тие се моќни антиоксиданти, кои можат да ги неутрализираат слободните радикали во кожата, намалувајќи го појавувањето на брчки и старечки дамки и можат да помогнат во намалување на лузните. Исто така може да ја подобри еластичноста на кожата за да ви помогне да изгледате помлади колку што е можно подолго!

Различни студии покажаа дека активните состојки во ориганото можат да дејствуваат како превенција од рак, особено на дебело црево. Истражувањата покажале дека редовното пиење чај од оригано може да предизвика забавен раст на клетките на ракот.

Ориганото во традиционалната фитотерапија се користи за дигестивни проблеми, бидејќи го олеснува процесот на варење. Веројатно затоа и станало зачин за пица, која е тежок оброк за варење поради тестото и сирењето. Сепак, дајте му шанса и на ориганото во течна форма.
Сварете вода во тенџере и оставете ја настрана. Додадете чај од оригано и добро измешајте. Оставете да отстои околу 5 минути. Потоа, кога чајот малку ќе се олади, додадете го и медот. За малку поинтензивен вкус на чај, можете да додадете повеќе чај.

Фото: Pixabay