Оригано – еден од најсилните природни антибиотици

Сите одамна знаат дека природата е полна со природни лекови, но исто така и многу малку се знае за тоа која билка е најсилниот природен антибиотик.

0
424

Дивото оригано, посебен ендемичен вид Origanum minutiflorum, кој успева во Турција на планината Таурус, се смета дека е еден од најсилните природни антибиотици.

Маслото од диво оригано се користи за воспалителни процеси, вирусни, бактериски и габични инфекции, настинки, грип, кашлање, атлетски стапала, болки во зглобовите и многу други здравствени проблеми.

Маслото има широк спектар на дејствување и може да се користи надворешно, но и да се внесува во организмот.

Докажано е дека дивото оригано уништува микроорганизми како што се Candida albicans, Escherichia coli, Staphylococcus, Salmonella enteritidis, Klebsiella, Proteus, Enterococcus, Enterobacter, Pseudomonas, Helicobacter pylori.

Внимавајте кога купувате масло, бидејќи маслото од оригано треба да содржи одредена количина карвакол. Колку повеќе го има во маслото, толку е подобро. Origanum vulgare и Origanum onites содржат 30-60% карвакрол, додека Origanum minutiflorum содржи дури 80-90% од оваа активна состојка.

Фото: Freepik