Оригинално италијанско тирамису

Ако имате трпение, оставете го да отстои преку ноќ. Ќе биде уште повкусно

0
556

Состојки:

3 жолчки

500 г маскарпоне

120 г шеќер во прав

180 мл силно кафе

2 лажици рум

Пишкоти

Какао за поросување

Приготвување:

Се вари кафе и откако ќе се олади во него се додава румот. Се натопуваат на кратко пишкотите од едната страна и се редат, ред пишкоти, па крем, па пак пишкоти, додека не се потроши материјалот. А за да го направите кремот, изматете ги жолчките со шеќерот во прав, а потоа и со маскарпонето.

 

Најдобро е да отстои преку ноќ и да се јаде утредента. Пред послужување се поросува какаото.