Ослабете 2 кг за само 5 дена и ослободете се од маснотиите

Магдоносот е зачин кој најчесто се користи во секоја кујна. Богат е со антиоксиданти и витамин Ц, се препорачува да се користи во готвењето, но и за подготовка на здрави напитоци. Го подобрува варењето и ја намалува надуеноста.

0
840

Ако магдоносот го измешате со лимон и обична вода, ќе добиете моќен пијалок за согорување на калории. Жените кои го испробале овој неверојатен пијалок тврдат дека изгубиле 2 килограми за само пет дена.

Состојки:

60 гр свеж магдонос
1 лимон
200 мл вода

Приготвување:

Смелете свеж магдонос во блендер. Додадете вода и исцеден сок од лимон, и сè мешајте добро додека не добиете компактна течност.

3 правила за пиење на пијалокот од магдонос и лимон

Пијте го пијалокот веднаш откако ќе се разбудите, или пред утринското кафе, појадокот или кој било друг пијалок. Пијте го секое утро пет дена.

Одморете се 10 дена, а потоа повторете ја постапката ако сакате да изгубите повеќе тежина.

Може да направите и чај од магдонос, кој се препорачува за слабеење, но го отстранува само вишокот вода од телото, а не и масните наслаги.

Состојки за чајот:

2 лажички сушен магдонос или 1 лажица свежо сечкан
250 мл топла вода

Приготвување:
Прелијте го магдоносот со зовриена вода и оставете да отстои покриен 10-15 минути. Исцедете го чајот и пијте го топол, а за подобар вкус можете да додадете малку лимон или мед.

Фото: Unsplash20