Откриваме кое овошје треба да се чува во фрижидер

Спротивно на вообичаеното мислење, јаболката е најдобро да се чуваат во фрижидер, бидејќи на собна температура пропаѓаат дури десет пати побрзо. Прочитајте кое друго овошје се чува во фрижидер, кое се чува прво на собна температура, а потоа во фрижидер и кое, само на собна температура

0
138

Свежо купеното овошје и зеленчук понекогаш брзо, без многу размислување. се става во фрижидер. Сепак, следниот пат кога ќе донесете дома свежо овошје, имајте на ум дека одредени плодови пропаѓаат уште побрзо на ниски температури, односно во фрижидер.

Затоа, еве еден краток водич за правилно складирање на разни овошни плодови.

Чувајте ги во фрижидер …

Спротивно на вообичаеното мислење, јаболката е најдобро да се чуваат во фрижидер, бидејќи на собна температура пропаѓаат дури десет пати побрзо. Покрај јаболката, во фрижидер се чуваат и шумски плодови, цреши и грозје.

Исто така, важно е овошјето во фрижидер да се чува правилно.

Секогаш ставајте го во посебни кеси, по можност, хартиени. Имено, етиленскиот гас, природен гас што го испуштаат некои плодови, може да го забрза процесот на зреење на другите овошја и зеленчуци.

Консумирајте го овошјето во рок од три дена за максимален вкус и свежина. Интересно, за оптимален вкус, најдобро е да чувате некое овошје одредено време на собна температура и потоа да го ставите во фрижидер.

До полна зрелост на тој начин се чуваат следниве овошки: кајсии, киви, нектарини, праски, круши, сливи.

Значи, овие плодови најдобро се оставаат на собна температура да созреат, а потоа ставете ги во фрижидер.

Се ​​чуваат на собна температура …

Од друга страна, многу овошја треба да се чуваат исклучиво на собна температура. Имено, ниските температури и ладењето можат да го оштетат овошјето и да спречат да созрее до оптимален вкус и текстура. Во оваа група спаѓаат: бананите, лубеницата, цитрусите, манго, папаја, ананас, калинка.

Фото: Freepik