Палачинки од калап за мафини

Еве една поедноставена верзија на палачинки што нема да мора да ги печете една по една, туку ќе испечете дури 12 во исто време - во калапи за мафини.

0
619

Сите сакаме палачинки, но тие ретко се наша опција за појадок затоа што се губи многу време за нивното печење. Наjдовме една одлична идеја како да го скратиме времето на приготвување и испечеме 12 палачинки наеднаш – во калапи за мафини.

Состојки:

1 чаша млеко

6 јајца

1 чаша брашно

½ лажичка сол

1 лажичка екстракт од ванила

¼ чаша растопен путер

За полнење: по ваш избор, сирење, пекмез, чоколаден намаз…

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Измешајте ги сите состојки освен путерот со миксер, додајте го путерот на самиот крај и добро измешајте.

Подмачкајте ги калапите за мафини и пополнете ги со мешавината од палачинки и пополнете ¼ од калапите. Печете додека палачинките не се надујат – околу 15 минути.

Извадете ги палачинките од рерната и оставете ги да спласнатмалку, па по желба наполнете ги. Ако сакате сладок појадок, ставете една лажица чоколаден намаз или џем во секоја палачинка или пржена сланина или некој сирен намаз за солена варијанта.

Рецептот е од ТУКА.