Палачинки со лук

Ако не сте пробале досега, можеби не ви звучи многу примамливо, ама ова е вистинското време за да ги пробате. Најтешко е да ги испржите палачинките, ама верувајте, се исплати!

0
209

Состојки:

За палачинките:

1 кг брашно

100 мл масло

1 лажичка сол по вкус

ладна вода

За преливот:

2 главици лук

1 лажичка сол

100 мл зејтин

1/2 л врела вода

Ореви

Приготвување:

Од состојките се прави смеса за палачинки кои се пржат на вообичаениот начин.

Се преви преливот такашто се толчи лукот со 1 лажичка сол, а потоа се додава маслото и 1/2 л врела вода, па се меша.

Палачинките се редат така за да го покријат дното на тепсијата, па се преливаат со 2 лажици од преливот и се додаваат сечкани оревчиња по вкус.

Се редат повторно палачинки и се преливаат со преливот и со сечкани ореви се додека не се потрошат сите.

Се сече на баклави.