Палента – зошто ја сакаме?

Палентата не штити од рак на дебелото црево, како и од здодевните хемороиди. Исто така, луѓето ја сакаат и затоа што може да се консумира и кога сте на некои диети, добра е за срцето и воопшто за целокупното функционирање на организмот.

0
318

Постојат многу причини зошто секогаш и постојано треба да консумираме палента. Многумина од нас, особено помладата генерација, не се запознаени со ова јадење. Тие често не знаат ниту за што станува збор, а веројатно многумина одбиваат и да го пробаат. Токму затоа ќе потсетиме зошто е добро да се јаде.

Што е палента?

Иако можеби мислевте дека палентата е наше традиционално јадење, тоа не е баш така. Се верува дека палентата потекнува од северна Италија, и тоа, од тамошните села. Таа е направена од пченкарен гриз. Ова е исто така наједноставното јадење на светот, па денес можете да купите пченкарен гриз во кесичка, односно самата палента, која подоцна може да се подготви на различни начини. Значи, основна состојка на палентата е гризот од пченка, кој се меша со зовриена вода и се прави јадење што порано често се консумирало.

Нутритивна вредност на палентата

Минералите, хранливите материи и витамините се составен дел од палентата, а тоа е сè што сакаме кога консумираме некоја намирница – да добиеме доволно витамини, кои нашето тело ќе ги искористи на добри начини. Палентата не содржи глутен, содржи само природни масти. И тие природни масти му се потребни на нашето тело, а најмногу на цревата, кои поради нив работат правилно. Бидејќи станува збор за производ од пченка, нема потреба да се каже дека пченката е една од најздравите и најважните житни култури во светот. Житарките му даваат посебна енергија на нашето тело и тоа е она што секогаш ни треба. Покрај сето тоа, палентата содржи бројни хранливи материи. Фолат, витамин Б6, како и витамини Е и К и калиум, бакар, селен, манган, цинк, магнезиум, фосфор и калиум.

Секако, ќе кажеме и колку калории содржи палентата, бидејќи тоа многу им значи на оние кои се грижат за својот дневен внес на калории. 100 грама палента содржи нешто помалку од 400 калории, што е идеално, особено ако имаме предвид дека ова е целосно природно и органско јадење, кое содржи многу хранливи материи, исклучително здрави за човечкото тело.

Палентата и здравјето

Ние ги наведовме сите добри состојки содржани во палентата, а во пракса ова значи дека сите овие минерали и витамини кои ги внесуваме преку палентата, можеме да ги искористиме за да го заштитиме нашето тело од разни болести, пред се, од рак. Ова е и научно докажано. Палентата не штити од рак на дебелото црево, како и од здодевните хемороиди. Исто така, луѓето ја сакаат и затоа што може да се консумира и кога сте на некои диети, добра е за срцето и воопшто за целокупното функционирање на организмот.

Како се прави палентата?

Прво ќе ве запознаеме со наједноставниот рецепт, кој повеќето луѓе го применуваат, а потоа ќе ви предложиме уште неколку начини на кои можете да направите подеднакво вкусна и здрава палента. Ставете вода во мало тенџере, не го полнете до врвот. Додадете малку сол и оставете ја водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие, додадете ја палентата од кесичката и нежно мешајте додека течноста не испари. Кога ќе се згусне, оброкот е подготвен. Обично се сервира со јогурт, кисело млеко или павлака.

Разликата помеѓу палента и качамак

И, сега оние што се разбираат малку помалку, ќе се запрашаат дали воопшто има разлика. Секако дека има. Палентата се прави од пченкарен гриз, додека качамак се прави од бело пченкарно брашно. Исто така, постои разлика во бојата, палентата е обично жолта, а качамакот е бел. Во качамакот обично се додава сланина, и што е најважно, за подготовкта се користи маст. Качамакот се подготвува на ист начин како и палентата, само на крајот се топи маст и со врелата маст се прелива качамакот, што му дава посебен вкус. Кога станува збор за палента, тоа не се прави, инаку калориската вредност со додадената маст би била значително поголема.

Палента на други начини

На подготвената палента можете да ѝ додавате различни состојки. Обично се додава сирење, а потоа може да се додаде и шунка, пршут или нешто слично што ви се допаѓа. Како што споменавме – можете и да ја прелиете со јогурт или кисело млеко.

Палентата со пармезан е исто така одличен избор. Ја правите на вообичаениот начин со тоа што кога ќе се згусне и ќе ја тргнете од шпоретот, додавате путер и секако – пармезан. И уживајте во совршениот вкус.

Исто така, можете откако ќе ја сварите палентата, да ја истурите во мала тава и да ја ставите во фрижидер да се олади, околу половина час. Потоа, можете со различни калапи или со обична чаша, да вадите од зацврстената палента, а одозгора да ставите некое убаво сирење или кашкавал и да ги потпечете во рерна.

Идеален оброк за појадок или вечера

Палентата е идеална за појадок или вечера, бидејќи тоа е првенствено лесен оброк, кој е хранлив и ќе ви даде доволно енергија да го започнете новиот ден, а исто така нема да ви пречи да го јадете и навечер. Значи, ќе ви годи во секоја смисла.

Палента за бебиња и за деца

Еден од првите цврсти оброци кои е добро да се воведат во исхраната на бебињата е палентата. Особено затоа што е толку нутритивно богата, вкусна и мека. Може да се воведе помеѓу шестиот и осмиот месец. Се разбира, треба прво да се консултирате со педијатар. За бебињата е особено важно да ја консумираат бидејќи ја регулираат работата на цревата и добра е за варењето на храната. Палентата е многу добра за имунитет и тоа е уште една причина зошто бебињата треба да ја консумираат.