Пашканат: Звучи и изгледа без врска, ама убаво мириса, нели?

Изгледа прилично без врска, исто како и името, ама кога ќе го додадете во супа, цела куќа мириса на дом. А сега ќе видите и зошто е здрав

0
195

Пашканатот е кртолест зеленчук кој може да се најде во текот на целата година, а сезоната му е од есен до пролет.

Има многу малку калории, но е многу богат со протеини, јаглени хидрати, целулоза, натриум, цинк, манган, бакар, фолна киселина и витамини ПП, А, Б и Е. Коренот на пашканат содржи и големи количини на витамин Б3. Содржината на шеќер во пашканатот е поголема отколку кај другите кртоли – цвекло, репа, моркови, келераба и анасон. Половина чаша пашканат содржи 50 калории, 0 гр маснотии, 0 мг холестерол, натриум, 12 гр јаглехидрати, 3 гр диетални влакна, 3 гр шеќер, 1 гр протеини, витамин Ц, калциум и железо.

Ако не знаете како да одберете добри парчиња, тогаш придржувајте се до овие совети. Секогаш барајте мали или средни корени, бидејќи поголемите се повеќе фиброзни. Избирајте потврд пашканат и избегнувајте ги оние на кои има кафени дамки или чудни брчки. Чувајте го во фрижидер неизмиен и завиткан во хартија. Како и компирите, може да се чува на темно и суво место, каде што нема директен контакт со сончева светлина.

Младите и малите пашканати не треба да се лупат, туку треба добро да се избришат. Постариот пашканат мора да се излупи, а потоа да се исече. Ако средината е многу тврда, треба да се отстрани.

При готвење, овој зеленчук се користи свеж или мелен, и може да се чува во замрзнувач. Пашканатот им дава арома на разни јадења со или без месо. Тој е основен додаток на јадењата со месо и компири, а лисјата можат да послужат како зачин и украс за одредени салати.

Освен што се готви, пашканатот може да се користи и за правење пире, а може да се пече заедно со друг кртолест зеленчук или да се сече на тенки парчиња и да се направи чипс. Најмногу се користи во разни супи, чорби, салати , а со вкусот потсетува на артичоките.

Пред подготовката, треба да се измие, излупи и исчисти, како што правиме и со морковот. Ако правите пире, тогаш кората не се лупи.

Пашканатот оди добро со лук, кромид, магдонос и мајчина душица. Пашканатот се користи и за подготовка на пире за бебиња – уште еден доказ за неговите корисни ефекти. Во некои европски земји, пашканатот се користи како арома кај некои видови вино. Исто така, може да биде дел од разни сокови од зеленчук.

Ако се изренда може да се користи како зачин, како за јадења со зеленчук, така и за јадења со месо. Пашканат оди добро со сите видови месо.

Инаку, пашканатот е многу корисен и за здравјето на луѓето. Неговата консумација е важна за нервниот систем, бидејќи содржи големи количини на витамин Б3. Содржи важни хранливи состојки кои се погодни за сите крвни групи.

Пашканатот има и антиревматски и антитоксични ефекти, а исто така делува и како природен диуретик. Го отвора апетитот, а поради големата содржина на влакна, ја регулира работата на гастроинтестиналниот тракт и помага при запек.

Се користи за лекување на камења во бубрезите. Помага при глисти и болки во долниот дел на грбот. Содржи активна супстанција пастинацин, која делува против грчеви и ги шири крвните садови.

Поради своите важни состојки, пашканатот е добар профилактички агенс при кардиоваскуларни заболувања, го намалува крвниот притисок и ја стимулира одбраната на организмот.

Исто така, успешно се користи во срцеви неврози, грчеви, ангина пекторис и други болести. Во народната медицина, овој зеленчук е една од намирниците кои се природни афродизијаци.

Пашканатот е нискокалорична храна, па тоа го прави многу погоден за разни диети.

Во народната медицина, пашканатот се користи кај заболувања на системот за излачување – најмногу кај камења и песок во бубрезите и мочниот меур. Исто така се користи при ангина пекторис и срцеви неврози.

Главно се користи како екстракт. Се прави такашто се ренда коренот на пашканатот и две кафени лажички се натопуваат во две чаши врела вода и се остава да отстои половина час, по што смесата се филтрира и се пие веднаш. Тоа е доза што се консумира три пати на ден пред јадење, а леувањето трае 20 дена.

Фото: Pixabay