Песто од блитва

Можете да го чувате неколку дена во затворен сад во фрижидер, но водете сметка на површината секогаш да има маслиново масло за да не се расипе.

0
348

Овој рецепт што го најдовме е од состојки од кои ќе добиете речиси половина килограм песто. Можете да го користите на пици, како намаз, како сос за тестенини и њоки, но и како додаток за разни чорби, супи и сосови.

Можете да го чувате неколку дена во затворен сад во фрижидер, но водете сметка на површината секогаш да има маслиново масло за да не се расипе. Можете и да го ставите во кеса за замрзнување и да го притиснете за да добиете тенок слој од приближно 5 мм, па да го замрзнете. Кога се чува на овој начин лесно може да се извади и да се исече со нож само толку колку што ви треба.

Ако сè уште не ве убедивме да го направите во оваа количина, тогаш прилагодете ги состојките по желба.

Состојки:

300 г блитва

70 г ореви
30 г лук
5 г свеж магдонос
60 мл маслиново масло
5 г сол.

Приготвување:

Исечете го подебелиот дел од дршката, измијте го и исечкајте го на помали парчиња.

Додадете ги сите преостанати состојки и измешајте сè заедно во блендер.

Фото: Pexels