Песто од спанаќ и сончогледово семе

Ова е одлична варијанта и за оние кои инаку не сакаат спанаќ, ама сакаат песто. Ако не го сакате вкусот на спанаќот, само ставете малку повеќе лимон и пармезан

0
173

Според нас, пестото е нешто што се прави по вкус. Битни се состојките, а количината прилагодете си ја сами. Внимавајте замо да не претерате со количините во случај да немате со кого да го споделите. Не трае како купечкото па препорачливо е да се изеде во рок од 3-4 дена.

Состојки:

спанаќ

сончогледово семе (голема количина, на пример, за 300 г спанаќ можете да ставите дури 150 г лупено семе од сончоглед)

лук

маслиново масло

сок од лимон

пармезан

Приготвување:

Најтешкиот дел е миењето на спанаќот кој е највкусен ако е млад. Иако овие млади и мали листови се потешки за миење, ви ги препорачуваме токму нив.

Потоа се се става во блендер и се меша, се пробува и се додава по вкус, малку сол, црн пипер, повеќе лукче, пармезан, сок од лимон…

Одлично е во комбинација со било какви тестенини.