Пет намирници кои најмногу дебелеат

Не постои тајна за слабеење која еднакво ќе делува на сите. Но, според новото истражување на истражувачите од универзитетот Џорџ Вашингтон, некои намирници се тесно поврзани со зголемувањето на телесната тежина. Ние ви откриваме кои се тие, но и нивните здрави замени.

0
1161

Дури и ако не сакате да изгубите тежина, туку во план ви е да го одржите вашето тело здраво и силно, намирниците со кои можете да ги замените оние најомилените, но и најнездрави и најполни со калории, ќе ви помогнат во тоа. Затоа, подгответе се за подобрено расположение, подобрување на варењето на храната и намален ризик од болести со помош на поздрави алтернативи за овие намирници кои докажано дебелеат и се причинители за многу нездрави состојби на организмот.

Чипс

Чипсот од компири се прави со три едноставни состојки: исечени компири, масло и сол. Високите омега-6 масни киселини што се користат за печење чипсови – вклучително сончогледовото и маслото од пченка – се поврзани со поттикнување на воспаленија, особено кога не се избалансирани со антиинфламаторни омега-3 масни киселини.

За поздрава верзија, ситно исечкајте ги компирите, ставете малку авокадо или маслиново масло, додајте малку морска сол и црн пипер и печете во рерна на 200 степени. Можеби не е толку вкусно и може да потрае подолго за да го направите тоа отколку да го отворите чипсот што сте го купиле, но ќе бидете сигурни дека знаете што јадете и дека е тоа поздрава верзија.

Диетални пијалоци

Диеталните пијалоци не се подобри од обичните, направени со вистински шеќер, односно можат да бидат уште полоши. Една студија открила дека луѓето кои имале навика да пијат диетални пијалоци барем двапати на ден, кои немале „шеќер“, имале 54,5% шанса да дојдат до прекумерна телесна тежина, додека луѓето кои пиеле иста количина, но обични верзии од купечките сокови имале 30,2% шанси да им се случи тоа.

Најдобрата опција е да ги исфрлите двата типа на сокови и да ги замените со вода, а доколку сакате газирани пијалоци изберете минерална вода. Уште подобро, ако ѝ додадете на водата лимон, ливчиња од нане или краставица. Здраво, но вкусно.

Слатки и десерти

Не е реално да поминете низ целиот или низ остатокот од животот избегнувајќи ги сите видови слатки. Health  пренесува дека жените не треба да консумираат повеќе од шест лажички шеќер на ден, додека мажите не треба да надминуваат повеќе од 9 лажички.

За да го ограничите внесот на шеќер, треба да направите стратегија. Не е неопходно да се откажете од сè, но мора да имате план. Не можете да јадете колачиња секој ден и да пиете слатко кафе. Она што можете да го направите секој ден е да уживате во неколку коцки од 70 проценти темно чоколадо, а со нив, сигурни сме, полесно ќе направите план и за другите денови и за консумирање слатки и десерти.

Црвено месо

Црвеното месо вклучува говедско месо, како и свинско, телешко, јагнешко и овчо месо и дивеч, а Американскиот институт за истражување на ракот советува ограничување на црвеното месо до максимум 500 грама неделно.

Заменете го со морска храна или пилешко месо и зголемете го внесувањето на растителни протеини. Освен тоа што мешунките се лесно достапни со цената, има и многу убави јадења што можете да ги направите со нив.

Преработено месо

Дел од ризиците поврзани со преработеното месо се поврзани со солењето, ферментацијата, чадењето или други процеси што се користат за подобрување на вкусот или подобрување на конзервирањето. Додадените нитрати во овие намирници можат да доведат до формирање на потенцијално канцерогени соединенија.

Како и со црвеното месо, најдобриот начин за слабеење е да ги замените овие намирници со поздрави. Со други зборови, додадете авокадо во хамбургерот наместо сланина, наполнете ја пицата со сечкан зеленчук наместо со сланина и кулен, наместо сланина со јајца земете чадено тофу, а вашиот сендвич наместо со разни салами, наполнете го со хумус и зеленчук.

Дел од ризиците поврзани со преработеното месо се поврзани со солењето, ферментацијата, чадењето или други постапки кои се користат за подобрување на вкусовите или за подобрување на конзервирањето. Додадените нитрати во оваа храна можат да доведат до создавање потенцијално канцерогени соединенија.

Фото: Pixabey