Печен чипс од пашканат

Еве уште еден предлог за здрава варијанта на чипс.

0
123

Овој чипс од пашканат има само 4 состојки и е многу лесно да се направи.

Чипсот ќе биде најдобар ако пашканатот се исече тенко и рамномерно.

Состојки:

2 подебели пашканати, излупени и многу тенко исечени

¼ чаша маслиново масло

½ лажичка сол (по желба можете да ја измешате и со лук во прав)

½ лажичка мелен црн пипер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во голем сад измешајте го пашканатот со масло, сол и црн пипер. Распоредете го помеѓу две парчиња хартија за печење и распоредете го во рамномерни слоеви.

Печете, мешајќи го пашканатот околу 1 час.

Рецептот е од ТУКА.