Пиво до врата и – седењето дома е полесно!

Само не претерувајте! Ако во дадената ситуација добро ви доаѓа по една чаша пиво за ручек или пред спиење, еве една одлична вест: крафт пиварата „Темов“ врши бесплатна достава на неколку видови пиво - до вашиот дом! Ние ја искористивме шансата и уживавме во три одлични вкусови

0
212

Што се однесува до здравствените придобивки на пивото, добро е да се знае дека во едно пиво има 40% од дневната доза витамини од Б групата, кои се неопходни за основните функции на организмот. Исто така, пивото помага и при инфекции, а тврдат и дека е помеѓу најефективните антидепресиви…Токму ова е и нашата појдовна идеја во дадената ситуација.

Некои од истражувањата покажале дека консумацијата на пивото може да спречи одредени воспаленија и да го намали ризикот од срцев удар. Пивото може добро да делува и на мозокот. Се смета дека кај оние што консумираат пиво од 6 до 14 чаши неделно постои помал ризик да доживеат мозочен удар.

Многу е важно кога се пие пиво, тоа да се прави со полн желудник, бидејќи полниот желудник ја намалува апсорпцијата на алкохолот. Исто така, докажано е дека на здравиот црн дроб му е потребен околу еден час за да обработи половина литар пиво, такашто при брзо пиење, работата на црниот дроб се преоптоварува.

Инаку, во пивото се пронајдени многу активни биолошки компоненти што имаат корисно влијание врз здравјето на човекот. Кога се пие алкохол, па и пиво, секогаш треба да имаме на ум дека никогаш не треба да се консумира во преголеми количини. И кога сметаме дека пивото го пиеме само поради здравите состојки во него, сепак пиењето треба да биде умерено! За повеќето мажи под умерено пиење се подразбираат испиени од еден до три пијалака (под еден пијалак се подразбира чаша од 0,25 до 0,3 dl), додека за жените – од еден до два пијалака.

И токму кога мислевме дека благодарение на пандемијата со корона вирусот, долго ќе бидеме осудени само на пиење на индустриски пива, кои можеби и не се лоши, но за некој кому, меѓудругото, целта му е и поддршката на локалната економија и на малите производители на крафт пива, тие не се најдобриот избор.

Но, најдовме одлична вест: Првата и единствена крафт пивара кај нас, пиварата „Темов“, периодов врши бесплатна достава на пива во износ од над 750 денари, засега, само на територијата на Скопје.

За познавачите и оние кои го сакаат вкусот на „Темов“ добро е да се знае дека во понудата моментално се следните типови на пива: Чаршиско пилснер, РИС Премиум, „Големата ИПА“ Индиа Пејл Ејл, „Кубура“ СТАУТ и „Кале“ Вајс светло-пченично.

Доставувачот ќе ви дојде на врата со мобилен пост терминал и заштитна опрема па не мора да се грижите ниту за својата безбедност.

Патем, не мора да го користите само за пиење. Направете го и оној брз леб со пиво и соленките кои се највкусни кога се направени токму со црно крафт пиво.

(Нарачките се примаат од понеделник до петок од 10 до 17 часот. Бројот за нарачка е 076 462 371.)

Фото: PS visualart