Пиво или вино? Прашање е сега…

Дали знаете кој од овие два пијалокa подобро влијае на вашето здравје

0
585

Maлку пијалоци (освен можеби чајот и кафето) го делат светот на таков посебен начин како што го прават тоа пивото и виното. Се разбира, вкусовите се многу различни, но мали се разликите во ефектот врз организмот и здравјето. Дали едниот дебелее повеќе од другиот? Како влијаат на срцето? Од што ќе имате поголем мамурлак?

Пред сѐ, секогаш постои прашањето – од што ќе се опиете побрзо?

Една чаша вино и чаша пиво содржат повеќе или помалку иста содржина на алкохол. Сепак, колку брзо се опивате зависи од брзината и од начинот на консумирање на овие два пијалоци. На пример, Мек Мичел од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тексас направил две групи од 15 мажи и спровел истражување: Двете групи консумирале различни алкохолни пијалоци со иста брзина.

Групата која пиела вино се напила пред групата која пиела пиво, што покажало дека виното побрзо делува на организмот.

Од што ќе се здебелите повеќе?

Иако е веќе познато дека алкохолот содржи калории, како и многу шеќери, важно е да се нагласи дека пивото има повеќе калории од виното, што значи дека еден литар пиво е доволно за да добиете еден килограм. Сепак, тоа не може да се случи освен ако не пиете често.

Најдолгата студија поврзана со зголемувањето на телесната тежина и потрошувачката на пиво траела десет недели и покажала дека доколку пиете пиво редовно десет недели може да се здобиете со два до три килограми, додека во текот на петгодишен период на континуирана потрошувачка на пиво може да добиете и пивски стомак што би можел да тежи и до 25 милограми.

Од што ќе имате полош мамурлак?

И покрај големите напори, научниците сепак не успеале да го поразат мамурлакот. Тие не се свесни што точно го предизвикува тоа, но откриено е дека алкохолот не наведува често да одиме во тоалет, поради што исфрламе повеќе течност отколку што внесуваме и со тоа го дехидрираме организмот. Конгенери се молекули кои му даваат на секој пијалок уникатен вкус и арома, но се изразено токсични за организмот што резултира во главоболки и мачнини кои се појавуваат по конзумирање на истиот.

Се смета дека темните пијалоци содржат повеќе конгенери, иако сè уште не е точно утврдено од што ќе ‘заработите’ каков мамурлакот. Значи, конечната пресуда е дека сè уште е невозможно да се утврди точно од што ќе имате полош/полесен мамурлак.

Што е подобро / полошо за вашето здравје?

Често се зборува дека чаша вино на ден може да му помогне на организмот, да го намали ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и дијабетес. Се смета дека тоа се случува заради полифенолите, супстанции кои ги смируваат воспаленијата и ги отстрануваат штетните хемикалии во организмот

Ако се пие умерено, чаша пиво или вино на ден може навистина да му помогне на вашето здравје. Иако пивото не се споменува во многу здравствени прирачници, и тоа содржи голем процент полифеноли и има слични здравствени придобивки како белото вино, иако не може да се спореди со црвеното вино. Секако, тоа не значи дека претераното конзумирање алкохол може да биде добро за вашето здравје, но една или две чаши црвено вино одвреме навреме, нема да му наштетат на никого, па дури може да придонесат за вашето здравје.

Конечно, и пресудата: Ако треба да изберете помеѓу виното и пивото и сакате нешто што ќе придонесе повеќе за вашето здравје – вашиот сигурен избор ќе биде виното.

Фото: Pixabey