Пилешки докопани на филипински начин

Мешавината од лук, соја, оцет и зачини го прави ова филипинско јадење супер вкусно без додавање на никакво масло.

0
101

Состојки:

1 шолја сос од соја

3/4 шолја вински оцет
1 среден кромид, сечкан
1/4 шолја кафеав шеќер
2 лажици сок од лимета (или лимон)
1 лажица свеж ѓумбир, рендан
3 чешниња лук, згмечени
3 ловорови лисја
2 лажички пипер
2 докопани без кожа и без коски

За прилог направете долгозрнест ориз и зелена боранија:

За оризот:

1 шолја долгозрнест кафеав ориз
1 лажица рендан ѓумбир
1 ловоров лист
прстофат сол
1/2 лажиче пипер

За боранијата:

1 кг боранија
1 лажица мелен лук
сок од лимета

Приготвување:

Во тенџере измешајте ги соја сосот, оцетот, кромидот, кафеавиот шеќер, сокот од лимета (или лимон), ѓумбир, лук, ловорови лисја и пипер. Додадете ги пилешките докопани и покријте ги. Почекајте да зоврие на силен оган, а потоа намалете ја топлината и нека врие 1 час.
Послужете со кафеав ориз (обично на 1 шолја ориз се ставаат 3 шолји вода во која ќе додадете ѓумбир, ловоров лист, сол и црн пипер) и со зелена боранија (обарена во малку вода во која ќе ги додадете лукот и сокот од лимета).

Рецептот е од ТУКА.