Пире од спанаќ со прилог од динстано месо или беше обратно…

Како и да е... вкусно е и едното и другото, ама пирето од спанаќ дефинитивно би можело да биде и оброк сам за себе

0
166

Состојки:

1 кг спанаќ

2-3 чешниња лук

1 лажица брашно

100 мл млеко

моцарела

50 г путер

Приготвување:

Измијте го спанаќот во неколку води и исечкајте го.

Пропржете ги лукчето и брашното на малку путер, па додадете го исечканиот спанаќ, додадете го млекото, па кога ќе омекне спанаќот, испасирајте го, и додадете уште малку путер и моцарела или некое друго сирење по ваш избор.