Пици, пецива и колачи со остатоци од производство на вино

Талогот што останува по алкохолната ферментација и производството на вино, од неодамна, на грчкиот полуостров Халкидики, наместо во отпад, завршува како состојка за пици, леб и слатки. Затоа, ако се најдете таму, не се чудете што пицата што ќе ви ја донесат има црна боја.

0
84

Винарската визба Јерисо на полуостровот Халкидики, од неодамна ги отстапува остатоците од ферментација на вино, за изработка на пици, пецива и колачи.
Станува збор за остатоци од производство на вино, особено на црвено вино, што ја објаснува темната боја на производите кои се прават со нив.

Говорејќи за радиопрограмата на АНА-МПА, директорот на винарската визба, Ангелос Заманис објаснува дека се употребуваат состојки што досега биле фрлани наместо да се рециклираат.
„Талогот е она што останува по алкохолната ферментација и производството на вино. Не само што сега не го фрламе, туку цела оваа смеса ја насочивме кон мрежата производители од ова подрачје кои создаваат иновативни пекарски производи, како што се пица, леб и слатки. Смесата содржи преостанати шеќери, киселост и природни бои, а бидејќи се произведува по алкохолна ферментација на вино, содржи и остатоци од квасец, од каде што доаѓа мирисот на квасец, објаснува тој.
Според Заманис, кој е и хемичар, меѓу другото, со ова, се чини, повеќе нема непотребно фрлање на остатоците храна, што значи помало загадување на животната средина, но и стопанска корист.
„Овие производи дури и ја зголемија продажбата на компаниите од оваа област. Луѓето кои додаваат талог од вино во тестото, откриле дека нивната продажба се зголемува. Причина за ова е или тоа што луѓето го пробуваат производот од љубопитност или затоа што им се допаѓа вкусот, што е посебен, особено оној на лебот.

Фото: Pixabay