Пијалaк што гo поништува дејството на алкохолот и ги релаксира мускулите

Теглата со кисели краставички е кај многумина редовен гостин во фрижидерите, но не знае секој дека „киселкастиот сок“ е ризница на здравје.

0
257

Во разговор со еднa од најдобрите барменkи во светот, Шанел Адамс, хрватскиот портал „Пун куфер“ открил дека еден од интересните трендови е пиењето на течност, која кај нас е почесто дел од понудата за зимница, отколку барска понуда.

По чашка виски се пие чашка од киселката течност од тегла со кисели краставички, а овој специјалитет е наречен „pickleback“. Во многу американски барови, токму ова е  специјалитет на куќата.

Овој „пронајдок“ не е резервиран само за Соединетите држави. Русите ја пијат оваа кисела течност со вотка, а во Мексико се комбинира со текила. Причината за ова е ублажувањето на дејството на алкохолот, а некои тврдат дека го ублажува мамурлакот.
Њујоршкиот писател и сопственик на бар, Тоби Чекини го опишал своето искуство со овој пијалак го опишал како извонредно. Со секое нарачано виски, пиел и чашка од киселата течност, а освен што следното утро не бил се уште пијан, следниот ден се чувствувал многу подобро.

„Испив десетина, а утрото бев целосно излечен од настинка и воопшто не бев мамурен”. Pickleback се пие и со бурбон и според Тоби, комбинацијата од арома на чад и кисели ноти совршено се надополнува.
Течноста од кисели краставички има дополнителни придобивки – ги намалува мускулните контракции, ја подобрува количината на електролити во телото, ги хидрира, а ги убива и штетните бактерии во стомакот.

Фото: Pixabay