Плескавици од ослиќ

Ако си најдете исчистени филети од ослиќ (без кожа), тогаш нема да ви треба долго време за да ги направите плескавиците. Особено ако наместо да ги пржите, ги печете во рерна.

0
181

Состојки:

1 пакување замрзнат ослиќ

2 моркови

2 јајца

малку пармезан

2 лажици маслиново масло

сол, црн пипер, копар и малку презли

Приготвување:

Сварете ги ослиќот и морковите.

Кога ќе се оладат, исчистете ги коските и згмечете ја сварената риба во еден сад. Потоа додадете ги останатите состојки. Ако има потреба додадете малку презли. Обликувајте ги плескавиците и наредете ги во тепсија, врз хартија за печење.

Печете ги околу 20 минути па превртете ги од другата страна и допечете ги уште кратко.

Можете да ги јадете со домашен мајонез.