Погача со песто

Оваа погача инаку се прави такашто корите се премачкуваат со путер, но ако немате доволно путер или едноставно сакате да испробате некоја друга варијанта, комбинирајте, малку путер, малку песто...се разбира, по ваш вкус

0
70

Состојки:

1 кг брашно

1 квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

2 јајца

150 мл масло

100 мл млеко

300 мл млака вода

За премачкување: 1 путер или 1 мала тегличка песто, ако имате по малку од двете, комбинирајте.

Сусам за поросување

Приготвување:

Замесете тесто со 2 јајца, брашно, квасец (ако е свеж, ставете го во топлото млеко со 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и почекајте да надојде), млеко, вода, сол и шеќер.

Оставете го тестото покриено околу 20 минути, а потоа направете од него три топчиња што ќе ги расукате во кори и ќе ги премачкате со песто (или со омекнат путер).

Завиткајте ги сите три кори во ролат и пресечете ги на парчиња па наредете ги во тркалезна тава. (Помеѓу парчињата ќе има празен простор, но при печењето, ќе надојдат па се ќе се пополни.)

Поросете ги со сусам и печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.