Подгответе ја теглата со петте величенствени

Подгответе ги и нека бидат вашиот засилувач на имунитетот во овој период на корони, настинки и грипови

0
319

Знаеме дека редовната, односно, континуирана физичка активност со оптимален интензитет и намалувањето на стресот помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем. Сепак, најголемиот ефект се манифестира со консумирање храна што може да го заштити организмот од разни болести.

Затоа направете ја оваа комбинација од петте величенствени намирници за овие денови кога вирусите доаѓаат како најмили гости. Потребни се само неколку минути, а вкусот е неодолив и освежувачки, за добар почеток на денот.

Куркумата, ѓумбирот и медот се едни од најмоќните природни лекови кои го зајакнуваат имунитетот и ги бркаат болестите, а покрај своите лековити својства, тие се привлечни и поради нивниот вкус.

Свежата куркума не е достапна на секој чекор како сувата, но може да се набави во продавниците за здрава храна. Се препорачува да се комбинира со црн пипер, кој го стимулира нејзиното дејство.

За да направите домашна „магична напивка“ за здравје, ќе ви треба и непрскан или добро измиен лимон.

Состојки:

2 чаши мед,

5 цм корен од ѓумбир,

5 цм корен од куркума

1 лажица куркума во прав

1 лажица мелен цимет

1 органски лимон

прстофат црн пипер

Приготвување:

Измијте го добро лимонот и изрендајте ја кората, а потоа и исцедете го сокот.

Изрендајте ги куркумата и ѓумбирот и измешајте ги во тегла сите состојки. Можете да додадете и уште некое тркалце лимон, по желба.

Земајте по една лажичка секое утро, а остатокот можете да го чувате во фрижидер.

Уживајте во силниот имунитет оваа зима!

Фото: Pexels