Полнети бабури во сос од кајсии

Не, не, не е претерано...одлична комбинација е. Само опуштете се и комбинирајте нешта кои никогаш претходно не сте ги комбинирале и ќе откриете уште многу нови вкусови и уште многу вкусни оброци. Нашиот читател Александар Темков, постојано го прави тоа

0
116

Бабурите ги полните со она со што ги полните и обично, мелено месо, кромид, ориз, доматно пире, или ако правите веге верзија, можете да ставите наместо месо, печурки, модар патлиџан или тиквица.

Вака наполнетите бабури ги редите во тенџере и ставате два-три прста вода, па додавате исечкани 3 кајсии и пола тиквица. Зачинете со мајчина душица, рузмарин или некој друг зачин по ваш вкус, се разбира, покрај сол и црн пипер.

Нека се сварат убаво, се додека не се разварат и кајсиите и тиквицата и не се направи убав сос.

Навистина е превкусно, па никогаш повеќе нема да ги правите полнетите бабури на оној вообичаениот, здодевен начин.