Поради овие навики се дебелеете

Неојте да спиете ниту премногу, ниту премалку, не брзајте кога јадете, не консумирајте секојдневно алкохол, баталете го повременото постење - не прескокнувајте оброци. Дали се согласувате со ова или сепак кај вас се покажало како поефикасно повременото постење?

0
450

По некој дополнителен залак додека работите или додека гледате филм нема премногу да влијаат на вашата тежина, но ако тоа се случува често, може да добиете вишок килограми. Ова се навиките што прават да се здебелите.

Спиете премалку или премногу

Истражувањата покажале дека здравиот ритам на спиење е клучен во одржувањето на витката фигура. Истражувачите откриле дека луѓето кои спиеле пет часа или помалку, добиле 2,5 пати поголема тежина од луѓето кои спиеле седум или осум часа. Слично на тоа, луѓето кои спијат премногу, поточно, оние кои спиеле повеќе од осум часа се здебелиле скоро исто колку и оние кои спиеле помалку од пет часа. Експертите советуваат да спиете помеѓу шест и осум часа.

Прескокнувате оброци

Додека некои веруваат дека ќе ослабат ако прескокнат оброци, тоа не е точно. Прескокнувањето оброци всушност ја зголемува веројатноста да добиете вишок килограми, особено ако го прескокнете појадокот. Американското списание за епидемиологија објавило студија во која се наведува дека луѓето кои прескокнуваат појадок имаат 4,5 пати поголема веројатност да бидат дебели. Друга студија покажала дека метаболизмот работи побавно ако прескокнувате оброци, што го зголемува гладот. Ова предизвикува прејадување за време на следниот оброк.

Можете да подготвите појадок претходната вечер. Може да јадете овесна каша, тврдо варени јајца и крекери богати со влакна. Овој вид појадок е богат со растителни влакна и протеини, се подготвува брзо и е хранлив.

Редовно пиете алкохол

Извештајот објавен во Journal of Academy of Nutrition and Dietetics открива дека луѓето кои редовно пијат алкохол консумираат околу 384 дополнителни калории на ден. Една од причините е што под дејство на алкохол, храната има поизразен мирис и повеќе нè привлекува.

Јадете пребрзо

Потребни се околу 20 минути за вашиот стомак да му сигнализира на мозокот дека е полн. Студија објавена во списанието Appetite покажала дека луѓето кои јадат побавно консумираат околу 66 калории помалку по оброк од оние кои јадат брзо. Додека 66 калории не ви изгледаат многу, погледнете колку оброци јадете на ден и колку килограми се тоа годишно.

Експертите советуваат оброкот да го започнете со две чаши вода кои се природен потиснувач на апетитот. Кога ќе почнете да јадете, оставајте ја вилушката помеѓу залаците. Овој едноставен трик може да ви помогне да го забавите темпото, што ќе му даде на вашето тело дополнително време да ја свари храната.

Секогаш седите

Во просек, седиме 67 часа неделно, а само седум часа од 24 часа на ден се движиме. Поради седечката работа согоруваме 100 калории помалку дневно отколку што правевме пред 50 години, покажало едно истражување од 2011 година, а тоа на крајот значи 10 вишок килограми годишно.

Направете пауза од најмалку две минути на секој час. И тие две минути можат да направат разлика, се вели во студијата објавена во Clinical Journal of American Society of Nephrology. Ако стоите само три часа на ден, за една година би потрошиле повеќе од 30.000 дополнителни калории, што е околу 8 кг маснотии.

Покрај тоа, здебелувањето може да се должи и на прекумерна потрошувачка на чипс, бел леб, премногу шеќер во кафе и брза храна.

Фото: Unsplash