Порција капини наместо аспирин

Сите делови на капината се лековити, плодовите помагаат при анемија, го штитат видот и го зајакнуваат имунитетот. Лисјата имаат антибактериско дејство, а во народната медицина се користи и коренот.

0
216

Капините се супер храна, пред сѐ, поради лековитите антиоксиданти, како што се антоцијанини, витамин Ц, витамин Е, елагинска киселина, кофеинска киселина, р-кумаринска киселина, рутин, гална и циметна киселина.
Антиоксидансите учествуваат во процесите на спречување на штетните ефекти на слободните радикали и на тој начин помагаат во заштита од рак, го штитат кардиоваскуларниот систем, го забавуваат стареењето на телото, помагаат во борбата против штетните ефекти на сонцето врз кожата, помагаат во забавување на когнитивните болести (на пр. Алцхајмеровата болест).
Капините природно содржат салицилна киселина (активна состојка на аспирин), која нормално се користи за ублажување на болката, за намалување на температурата и заради антиинфламаторно дејство. Така, ако имате главоболка можете да си помогнете ако изедете порција свежи капини.
Лисјата од капина имаат антисептички и антигабични својства и состојки за зајакнување на организмот.
Лисјата од капина се користат за лекување на благи случаи на дијареја. Билката е позната и како поттикнувач на искашлувањето.

Фото: Pixabey