#ПосенПеток: Овес и банани спакувани во палачинки

Кој си сака слатки јадења, си сака, па макар почнал уште за појадок. И што има врска дали е #ПосенПеток или не е, има толку многу намирници кои можат да се искористат за да се направи вкусен оброк, па дури и здрави и посни палачинки

0
152

Состојки:

300 г овесно брашно

180 мл млеко од ориз (или некое друго растително млеко)

2 банани

1 -2 лажици чиа семе (по желба)

прстофат сол

Приготвување:

Овесно брашно можете да си направите сами дома со блендер, од овесни снегулки.

Додадете го млекото и пасираните банани и прстофат сол. Измешајте ги состојките со миксер и пржете ги на кокосово или на обично масло (овие се пржени на обично).

Е потоа, потоа правете со нив што сакате.

Нашиве се со мед, сечкани лешници, банана и аронија.