#ПосенПеток: Палачинки со лук

Додека сите правеа палачинки со мед или со пекмез од шипки, баба ми правеше палачинки со лук и со ореви. Се разбира, секогаш оставаше по некоја плус за да се заблажиме на крајот...ако остане место. Ако не сте пробале досега, можеби оваа идеја и не ви звучи толку примамливо како на пример палачинки со нутела, ама верувајте, треба да пробате.

0
402

Најтешко е да ги испржите палачинките, ама затоа ќе си фатите порано. Верувајте, се исплати! И онака се добра идеја како за #ПосенПеток.

Состојки:

За палачинките:

1 кг брашно

100 мл масло

1 лажичка сол по вкус

ладна вода

За преливот:

2 главици лук

1 лажичка сол

100 мл зејтин

1/2 л врела вода

Ореви

 

Приготвување:

Од состојките се прави смеса за палачинки кои се пржат на вообичаениот начин.

Се преви преливот такашто се толчи лукот со 1 лажичка сол, а потоа се додава маслото и 1/2 л врела вода, па се меша.

Палачинките се редат така за да го покријат дното на тепсијата, па се преливаат со 2 лажици од преливот и се додаваат сечкани оревчиња по вкус.

Се редат повторно палачинки и се преливаат со преливот и со сечкани ореви се додека не се потрошат сите.

Се сече на баклави.