#ПосенПеток: Салата со компир, тиквичка и моркови и од оние, везените

Денеска нешто многу брзо и лесно, но и многу вкусно. Салатата од компир, морков и тиквичка, зачинете ја со маслиново масло и прелив од блендирани солени лимони кои ќе ѝ дадат еден поинаков шмек

0
207

Иако предизвикот наречен #ПосенПеток кој го почна Слоу фуд како дел од глобалната кампања за борба против климатски промени наречена „Храна за промени“ требаше да трае само два месеци, ние решивме да си го продолжиме и понатаму и секој петок да објавуваме барем по еден посен рецепт.

За денешниот ручек не ви требаат никакви кулинарски способности. Станува збор за салата од компири, тиквичка и моркови кои треба само сварете да ги сварите и да ги зачините. Ние салатата ја зачинивме со маслиново масло, сол, црн пипер, свеж босилек и 1 голема лажица од онаа смеса од блендирани солени лимони која ја добивме од нашата пријателка Бојана. Токму овој додаток ѝ дава на оваа, инаку, обична салата, еден посебен шмек. Секако, ако немате, можете да ставите и сок од лимон и сол или пак некаков оцет по ваш избор.

Речиси исто толку време ви треба и за да ги испечете везените пиперки врз фолија ставена директно на рингла. Куќата ќе ви се замириса, ама овој мирис, претпоставуваме, ќе ви годи.

Зачинете ги вообичаено, со маслиново масло, оцет, сол и многу лук. Ако имате свеж магдонос, додадете, ние денеска немавме.