#ПосенПеток: Салата со цвекло, јачмен, авокадо плус зеленчук во вок…

За оваа салата, поточно за јачменот во неа, не инспирираше нашата пријателка Бојана од 'Ситно сецкано', но кај неа другите состојки беа сосема поинакви, затоа, комбинирајте по свој вкус

0
240

Минатиот #ПосенПеток ја направивме салатата по рецептот на шеф Маре Јаневска, а денеска, оваа наша комбинација за која почетниот импулс, односно, инспирацијата, ни ја даде нашата пријателка Бојана од ‘Ситно сецкано’.

Поточно, од нејзиниот рецепт го задржавме само јачменот кој досега не сме го употребиле на овој начин и авокадото. Останатите состојки си ги додадовме по свое, наместо тиква, ставивме печено цвекло, црвен кромид, рукола, младо кромидче и авокадо. Секако, зачинето со маслиново масло и балсамико.

Останатиот зеленчук, оној во вок тавата е од се по нешто, од морков и црвени пиперки, модри патлиџани, печурки, брокула, и сето тоа само на кратко обработено во вок тава со малку маслиново масло (помас).

Посно, посно, ама вкусно, вкусно…

Фото: Стефани Христов