#ПосенПеток: Јапонски азуки грав за македонски петочен традиционален ручек

Азуки гравот кај нас не е многу популарен бидејќи и не е дел од нашето поднебје, но го има во продавниците за здрава храна. Бидејќи има огромни здравствени придобивки, решивме да го пробаме. Неговиот вкус е посличен на оној на леќата, отколку на нашиот грав.

0
164

Иако обично си јадеме наше тетовско гравче, овој петок решивме да направиме од овој Азуки грав кој кај нас не е многу популарен бидејќи и не е дел од нашето поднебје, но го има во продавниците за здрава храна. Бидејќи има огромни здравствени придобивки, решивме да го пробаме.

Вкусот на азуки гравот е посличен на оној на леќата, отколку на нашиот грав. Ние го јадевме заедно со луто феферонче.

Инаку, азуки гравот се користи во Јапонија и Кина повеќе од 2 века, не само како храна, туку и како лек. Велат дека е одличен за бубрезите, срцето, тенкото црево и панкреасот. Исто така, ја прочистува крвта, го детоксифицира организмот, ја подобрува циркулацијата, го намалува потењето, добар е против дијареа и слично. Содржи голем број на витамини, меѓу кои се издвојуваат витаминот А, Б5, Б11, а од минерали бакар, манган, натриум, цинк и др.

Се подготвува исто како и нашето гравче. Се накиснува навечер во вода, следниот ден се процедува и се вари најмногу 1 час.

Со консумирање на само 100 грама азуки грав ќе ги задоволите дневните потреби на организмот за манган и фолна киселина. Исто така, ќе се снабдите со железо, магнезиум, фосфор, витамин Б1, голем дел од дневните потреби за протеини, јаглени хидрати, како и растителни влакна, кои се многу важни за дигестивниот систем.