#ПосенПеток: Ќе се лапа Лапа

Денеска конечно направивме Лапа. Ако и вие сакате афионово семе, тогаш ќе ви се допадне, особено ако постите на вода. Имено, овој кочански специјалитет се прави без масло

0
228

Овој кочански специјалитет одамна го мислам, но никогаш не сум го пробала. Секогаш мислев дека е премногу комплициран поради толчењето на семето, ама всушност, иако тоа можеби нема да им се допадне на старите домаќинки, тоа и не мора да се толчи, може едноставно да се стави во блендер.

За оние кои сакаат афионово семе, гарантирам дека ќе им се допадне.

За овој специјалитет ви се потребни:

250 г афионово семе

250 г кршен ориз (ако немате таков, може и обичен)

1 л вода

1 лажичка сол

Приготвување:

Афионовото семе се става во тепсија, врз хартија за печење и печете го во рерна на 50 степени околу 15 минути, но внимавајте да не ви изгори.

Потоа, ставајте дел по дел во блендер и мешајте додека не стане меко и лепливо. Размешајте го во малку ладна вода, а потоа ставете го во тенџере, додадете топла вода и варете го околу 20 минути. Потоа додадете го и оризот и оставете ги заедно да се варат додека не ја впијат цела вода. Во текот на готвењто додадете и лажичка сол.

Лапата е готова и можете да лапате.